Во касарната Чојлија во Петровец, со воена свеченост беше одбележан денот на Четата за атомско биолошко и хемиска одбрана (чАБХО) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр). На свеченоста присуствуваа командантот на 1.мпбр бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, началникот на Ј-3 /ГШ на АРМ командантот на тенковски баталјон, офицерот од родот за АБХО во ГШ на АРМ, поранешни команданти и командири и припадници на чАБХО.
За време на свеченоста пригоден говор одржа командантот на 1.мпбр, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски и застапникот на командирот на чАБХО поручник Оливера Томовска.
По повод 9 мај – Денот на единица, беa доделени стимулативни мерки и прочитани честитките за денот на единицата добиени од началникот на ГШ на АРМ, командантот на ЗОК и од командантот на 1.мпбр.
Врз основа на критериумите и спроведените интерни процедури беше избрано најдобро одделение од составот на 2.вод за РХБ деконтаминација. Исто така беа доделени и стимулативни мерки за припадниците на единицата,додека еден офицер беше унапреден во чин поручник. По завршување на свеченоста беше реализиран и ТТ-збор на АБХ средствата.