Во центарот за индивидуална обука (ЦИО), во рамки на Командата за обука и доктрини (КОД) се одржа свеченост по повод завршувањето на Напредниот курс за подофицери (НКПОФ).
За време на свеченоста, свое обраќање имаа Командантот на КОД, бригаден генерал Лулзим Нуредини и командантот на ЦИО, Мајор Џунат Веџиоски, кои им го честитаа успешно завршениот курс на подофицерите и ја истакнаа нивната посветеност за време на наставата.
Во текот на обуката, слушателите имаа можност да се запознаат и оспособат за извршување на борбени задачи со одделение и вод, почитувајќи ги стандардните процедури кои се од суштинско значење за успешно извршување на мисијата. Исто така, слушателите се запознаа со процесот на обуката и лидерството, како основен елемент на борбената моќ на Армијата и воедно развија вештини на комуникација и презентирање.
За време на теренската обука беа демонстрирани високо ниво на вештини, одлична координација и тактичка подготвеност за одговор за секој предизвик. Ова обука е клучен чекор во нивното усовршување за нивните лидерски способности, координација и донесување одлуки во реално време.








