Денес (07 декември) во Здружената Оперативна Команда (ЗОК) се реализира свечен прием на припадниците на АРМ кои ќе бидат во состав на третата ротација на силите за обезбедување на главната команда на мисијата „Одлучна Поддршка“, во Кабул, Авганистан.
Командантот на ЗОК, бригадниот генерал Васко Ѓурчиновски потенцираше дека од овој состав очекува успешно претставување и извршување на задачите, кое АРМ го покажа низ учеството во досегашните мировни мисии, со што ќе придонесат за афирмација на АРМ.
Воедно, беа соопштени и надлежностите кои ЗОК ги има кон мисијата „Одлучна Поддршка“ како и одговорностите на персоналот во текот на извршување на задачите во мисијата.
Третата ротација составена ќе има задача да ја обезбедува командата на мисијата „Одлучна Поддршка“ во Кабул, Авганистан заедно со припадниците на армијата на САД.
Покрај составот за обезбедување, Армијата на Република Македонија во мисијата „Одлучна Поддршка“ учествува и со штабен персонал во Командата Север и во Командата за обука и асистенција во Кабул.