Командантот на Здружената оперативна команда, генерал-мајор Павле Арсоски учествуваше на 27-та конференција на Европските Армии која се реализира во периодот од 24-25 октомври во Визбаден, СР Германија.
Целта на учеството беше да се разговара за статусот и перспективите на воената соработка меѓу европските копнени сили и да се разменат искуства со водечките земји на НАТО за релевантни безбедносни прашања.
На маргините на конференцијата, генерал-мајор Павле Арсоски оствари средба со командантот на американските сили за Европа, генералот Кристофер Каволи на која генералот Арсоски се заблагодари на Соединетите Американски Држави и нивните вооружени сили за нивната несебична поддршка и помош кои и ја даваат на нашата Армија.
Ваквите настани помагаат да се утврдат идните насоки и перспективи на воената соработка и заедничката обука на трупите и да се зајакнат нашите партнерства со земјите членки на НАТО и партнерите.
БН