Во период од 26 до 29 мај 2015 година припадниците од четата за Атомска Биолошка Хемиска Одбрана (чАБХО) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада, Здружена оперативна команда учествуваа на мултинационалната цивилно-воена вежба „Балкански одговор 2015“ во Крушевац, Република Србија.
Целта на оваа вежба беше да се покаже регионалниот капацитет во справување со инциденти на хемиска и радиолошка контаминација, брз одговор на структурите, заштита на цивилното население и неутрализација на опасноста. Ова подразбира градење на регионални капацитети кои со заеднички сили можат успешно да се справаат со ваков тип на инциденти и да обезбедат високо ниво на заштита на граѓаните.
На вежбата, покрај македонските, учествуваа АБХО единиците од Република Словенија, Република Црна Гора, Босна и Херцеговина и Република Австрија. Исто така беа вклучени OPCW (Организација за забрана за ширење на хемиско оружје), цивилните структури од Секторот за Цивилната заштита на Република Србија, Црвен Крст – Република Србија, Противпожарната Единица – Крушевац, Воено-медицинската академија и Специјалната антитерористичка единица во склоп на министерството за внатрешни работи.
Република Македонија учествуваше со еден мешовит АБХО вод кој беше во составот на мултинационалната АБХ чета и со успех ги изврши следните задачи – Изведувачка патрола во ниво 4 (скафандер и систем со компримиран воздух за дишење) и детекција на вистински контаминанти (Сулфурен Иперит, Лузит и VX), земање на примероци, деконтаминација на повредените и деконтаминација на материјално технички средства.
Воедно водот разви систем за колективна заштита во кој се сместува тактичко-оперативниот центар на ниво чета и центарот за РХБ анализа.
Ова вежба овозможи градење на меѓусебна доверба и капацитети за успешно справување со АБХ инциденти кои како реална опасност постојат во денешниот свет и да се покажа дека може да се обезбеди безбедност на граѓаните на високо ниво.