Во период од 8 до 18 ноември, персонал од 4.пешадиски баталјон од составот на 1.пешадиска бригада (1.пбр), декларирани во составот на Воздухопловната мобилна бригада (HELBROC BG) учествуваше на вежбата „TALOS-2“ во Грција, заедно со армиите од Бугарија, Романија, Кипар, Србија и земјата домаќин Грција, каде се наоѓа и седиштето на бригадата под водство на Европската унија.
Вежбата се реализираше во Националниот центар за обука за урбано војување (UWNTC), сместен во кампот „LT COL KOROMILA ANDREA“ близу градот Кукуш, каде припадниците од 1.пбр уште еднаш покажаа дека се оперативно подготвени согласно бараните стандарди и критериуми за учество во евентуална мисија водена од Европската унија.
На денот за високи гости, од Армијата присуствуваше командантот на 1.пбр, бригаден генерал Сашко Лафчиски, кој срдечно ги прими пофалните зборови за нашите припадници учесници на вежбата.
ГЃ/СЛ