Во периодот 12-18.05.2019 година, вод од составот на баталјонот на Воена полиција, со пет борбени моторни возила учествуваше на меѓународна воена вежба „Beyond Horizon-19“ во воената база „Ново Село“ во близина на Сливен во Република Бугарија.
Покрај припадниците на баталјонот на Воена полиција на меѓународната вежба присуствуваа припадници на Воена полиција од пет земји со кои нашата Армија има воспоставено соработка од доменот на службите на Воена полиција.
Вежбата имаше за цел да ја унапреди синхронизацијата и координацијата на способностите за изведување на воено-полициски задачи помеѓу армиите од шесте земји учеснички на вежбата.
Како и досега припадниците на баталјонот на Воена полиција со своето професионално и одговорно однесување придонесуваат за одлична можност за афирмација и подобрување на угледот на единицата како и на Армијата во целост на меѓународно ниво.
За време на вежбата водот заедно со другите учесници на вежбата реализираа обука од повеќе теми и тоа: мобилна контролна точка, кордон, пребарување, борбени вештини,операции околу постапка со воени заробеници, трансфер, задржување и др. операции.
Со учеството на припадниците на баталјонот на Воена полиција на вакви меѓународни вежби се овозможува подобро разработување на процедурите, техниките и тактиките во организирањето и изведувањето на воено полициски задачи согласно НАТО стандардите.
ДЃ/КН/ЧС/БН