Во касарната „Чеде Флипоски-Даме“ во Кичево беше реализирана свеченост по повод успешно завршување на менторирањето на втората ротација на 4. бригада за асистенција на безбедносни сили (4.SFAB).
На свеченоста пригоден говор одржа командантот на 1.пешадиска бригада (1.пбр) бригаден генерал Сашко Лафчиски, кој им врачи благодарници и плакета на припадниците од 4.SFAB.
Тим од 4.SFAB во период од април до септември 2022 година присуствуваше во Република Северна Македонија со цел преку менторирање и поддршка на единиците од составот на 1.пбр и останатите единици од Армијата достигнување на највисоките НАТО стандарди.
На активноста присуствуваа и припадниците од 4.SFAB капетан Петар Хабсбург-Фортиер и Џонатан Мартинез ангажирани во Р. Албанија, кои како дел од свеченоста реализираа брифинг за присутните за искуствата што ги имаат од подготовките за оценувањето за подготвеноста на единиците од ВС во Р. Албанија.
ГЃ/СЛ