Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК), бригадниот генерал Зоран Милески оствари директна видео врска со припадниците на АРМ кои се во мировни мисии надвор од границите на Република Македонија и тоа со: мисијата „Одлучна поддршка“ во ИР. Авганистан, мисијата “Алтеа“ во Р.БиХ и мисијата “Унифил“ во Либан.
Во своето обраќање бригадниот генерал Милески на припадниците упатени во мировните мисии, честитајќи им ги претстојните Новогодишни и Божиќни празници им посака многу здравје и успех при извршувањето на претстојните активности како и достојно претставување на Армијата на Република Македонија и Република Македонија, како и збогатување и усовршување на веќе стекнатото искуство со нови предизвици со кои се соочуваат секојдневно при извршувањето на зададените активности.