Припадниците на воздухопловната бригада (вбр) во период од 23- 27.06.2014 година реализираат обука во летни услови во Центарот за обука на вода во Охрид. Обуката се реализираат според годишниот план за обука на единицата.
Основната цел на обуката е оспособување на припадниците на вбр за совладување на водени препреки и изведување на борбени дејства во водени површини, стекнување на самодоверба и сигурност при работа во плитки и длабоки отворени води. Покрај ова, ќе се оспособат во безбедно скокање во вода од воздухоплов, давање на прва помош на давеник, работа со немоторни чамци и работа со хеликоптер над вода, безбедно нуркање и воопште подобрување на физичката подготвеност за ваков вид на активности.
На ден 24.06.2014 година се реализира вежбата „Спасување на унесреќени лица во вода и извлекување со хеликоптер“. при што со еден хеликоптер Ми–24В се изведе борбено обезбедување од воздух, додека од еден хеликоптер Ми – 8/17 се изврши инфилтрација со брзо јаже ( Fast Rope ) на пловен објект како и извлекување и евакуација ( CASEVAC ) на повредени лица.
Планираните активности беа реализирани успешно и безбедно. Голем придонес за квалитетна реализација на обуката даде и летачкиот персонал од вбр, За овој персонал ова беше научена лекција, со оглед на фактот што дел од нив за првпат се најдоа во ситуација да реализираат ваков вид на обука.