Оклопниот баталјон (окб) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада на ден 16.09.2014 година го реализира школското гаѓање со вооружувањето на ОМЕ (оклопно механизирани единици) од планираните гаѓања во месец септември.
Интензивната обука на посадите кои ги опслужуваат тенковите Т-72А започна во месец септември. Истата се состои во изведување на: вежби во гаѓање, подготвителни и школски гаѓања со вооружувањето на ОМЕ, во случајов со вооружувањето на тенкот Т-72А.
Со изведувањето на овие гаѓања припадниците на оклопниот баталјон во голема мерка ќе ја зголемат самодовербата во ракување со уредите и вооружувањето на тенкот.
Кон крајот на месец септември и почетокот на месец октомври оклопниот баталјон планира да реализира стационарно логорување на АП Криволак каде своите вештини ќе ги покаже низ реализација на „Бојно гаѓање со посада на тенк во напад“ и „Тактичка вежба со бојно гаѓање со зајакнат тенковски вод во напад“.