Во период од 16.09 до 20.09. 2019 година во касарната „Јане Сандански“ во Штип се изведува вежба за справување со елементарни непогоди „Национален одговор 19“, која има за цел координација во работата на повеќе субјекти кои се ангажираат при справување со елементарни непогоди од различен обем.
На вежбата покрај Армијата на Република Северна Македонија, Министерството за одбрана и Министерствата за внатрешни работи и здравство, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, учествуваат и претставници од ЕВН, Црвениот крст, Јавните претпријатија „Исар“ и „Стипион“ од Штип и општините Штип, Виница, Кочани, Чешиново-Облешево, Карбинци и Зрновци.
Во рамки на вежбата во текот на денешниот ден во вечерните часови од 18.00 до 19.00 часот, на градскиот плоштад во Штип, ќе се одржи отворен ден за граѓаните на која со свој персонал и техничко-материјални средства ќе се претстават Армијата, МВР, ЦУК, ДЗС, Црвениот крст, ЕВН, и општинските сили за управување со кризи на град Штип.
На вежбата „Национален одговор 2019“ која е прва од ваков тип за прв пат се употреби систем за командување со инциденти во кризни ситуации „НИКС“ од Центарот за управување со кризи.
Завршните активности на вежбата ќе се реализираат во текот на утрешниот ден во касарната „Јане Сандански“ кога ќе се биде и Ден за високи гости, на кој ќе присуствуваат повеќе претставници од институциите кои учествуваат на вежбата.