На 31 oктомври 2013 година како дел од редовните активности на командата на ЗОК согласно Годишниот план за работа и остварената цивилно воена соработка се реализира воено стручна обука на клучниот персонал од Здружено Оперативната Команда (ЗОК) и првопотчинетите единици во објектот на ЕВН Македонија – хидроцентрала „Матка“ која е сместена во пазувите на карпестиот кањон на реката Треска, помеѓу двата споменика на културата, манастирите “„Свети Андреа” и „Свети Никола”.
Од страна на раководителот и одговорните во ХЕЦ „Матка“ на командантот на ЗОК генерал-мајор Методија Величковски и присутните од командата на ЗОК и првопотчинетите единици им беа презентирани општите податоци и историјатот на хидроелектричната централа, начинот на производство на електрична енергија и функционирањето, но пред се за значењето на објектот за енергетскиот систем и одбраната државата.
Во текот на обуката се посети и стариот објект изграден во 1938 година кој во тоа време бил основен извор на снадбување на градот Скопје со електрична енергија. Електричните хидро генератори се единствени од тој вид во светот кои сеуште се функционални и можат да се стават во функција во случај на неопходна потреба.