Во рамки на континуираните ангажмани на Армијата за поддршка на институциите во справувањето со пожарите, воздухопловниот ВИНГ и денеска реализираше воздушен ангажман во подрачјето на Дебар.
Во текот на тричасовната интервенција, хеликоптерот Ми-8МТ реализираше повеќе летови со вкупно 11 исфрлања и истурени 22 тона вода врз критичните жаришта на пожарот.
Воздушното дејствување беше реализирано согласно проценката на состојбата на теренот и во координација со надлежните институции и силите ангажирани во гаснењето на пожарот, со приоритет на активните жаришта и спречување на понатамошно ширење на огнот.
Воздухопловниот ВИНГ на Армијата останува во висока оперативна подготвеност за понатамошно ангажирање и обезбедување воздушна поддршка, со цел заштита на населението, материјалните добра и животната средина.








