На ден 07.04.2017 година, командантот на инженерискиот баталјон пред стројот на единицата изврши свечено врачување на медалот за воени заслуги на мајор Ласте Ѓоргиев кој во периодот од 12 јуни – 31 декември 2016 година ја извршуваше должност командир на водот за обезбедување на базата во операцијата за поддршка на мирот „Одлучна поддршка“ во И.Р Авганистан.
Медалот за воени заслуги е доделен од страна на секретарот за одбрана на Армијата на Соединетите Американски Држави, за неговото несебично залагање во службата и посветеноста во извршувањето на должноста како и подигањето на нивото на успех на самата единица за време на борбените операции.
На крајот од свеченоста командантот на инжб истакна дека ова е огромен успех како за мајор Ласте Ѓоргиев така и за целата единица и дека ова признание претставува уште еден доказ за успешната соработка на припадниците на Армијата на Република Македонија и припадниците на Вооружените сили на САД, ангажирани во И.Р Авганистан.