На ден 26.06.2015 година во касарните „Боро Менков“ во Куманово и „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево се реализира заедничка обука на припадниците на АРМ од овие гарнизони со припадници од територијалните противпожарни единици (ТППЕ) од Куманово и Кичево на тема: „Против пожарна заштита, пристап и гаснење на пожар, употреба на против пожарни апарати и средства за гаснење на пожар“.
Заедничката обука со ТППЕ од гарнизоните каде се сместени единиците на АРМ се организира врз основа на цивилно воената соработка и плановите за обука на 1.механизиран пешадиски баталјон и 4.механизиран пешадиски баталјон од составот на 1. механизирана пешадиска бригада.
Обуката првенствено е наменета за противпожарните екипи на АРМ од касарните, а се состои од теоретски и практичен дел. Во теоретскиот дел на обуката од страна на професионалните пожарникари се презентираа опасноститте што ги предизвикуваат пожарите и преземање на превентивни мерки и заштита од пожари, додека на практичниот дел од страна на пожарникарите беа покажани постапките на гаснење пожар со против пожарно возило, преземање мерки и гаснење на пожар до доаѓање на противпожарно возило итн.
Целта на обуката која се реализира пред почеток на летната сезона, кога опасностите од пожари се зголемени е извежбување на припадниците на АРМ со потребните постапки при гасење на пожари, со што секоја потенцијална појава на пожар во круговите на касарните или надвор од неа ќе биде професионално и навремено спречена.