Припадниците на Логистичка база (ЛБ), денес во ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, учествуваа во акцијата за доброволно дарување на крв, при што беа собрани вкупно 42 крвни единици.
Со крводарителната акција припадниците на Командата на ЛБ и првопотчинетите единици, повторно на дело ја покажаа својата хуманост, во услови на вонредна состојба и ангажираност на други задачи околу справувањето со вирусот „COVID-19“.
Екипите од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје ја искажаа својата благодарност кон припадниците на ЛБ и изразија задоволството од подарените крвни единици во моменталните услови на вонредна состојба.
ЗВ/ЛС