Во Одделот за медицинска обука (ОМО) при Военомедицинскиот центар (ВМЦ) во период од 20 до 24 јануари, се реализираше „Курс за прва медицинска помош и самопомош “. Учество на курсот зедоа припадници на повеќе единици од Армијата на Република Северна Македонија.
Наставните содржини се изведуваа преку теоретска настава и низ практично извежбување. Слушателите ги совладаа постапките за пружање самопомош и прва медицинска помош при предболничко згрижување на повредени. Стекнатите знаења, вештини и техники се од големо значење за учесниците на полето на професионално усовршување во рамки на нивната поставеност во единиците и се исклучително корисни при нивно упатување во меѓународни мисии, како и за унапредување на личните способности.