Во пресрет на 21 декември, Денот на Военомедицинскиот центар (ВМЦ) се одбележа со свечен собир на вработените, на кој пред присутните се обратија командантот на Логистичката база (ЛБ) полковник Мухарем Мухареми и командантот на Военомедицинскиот центар полковник Елизабета Наумовска Петрески.
Командантот на Логистичката база полковник Мухарем Мухареми, честитајќи им го Денот на единицата, пред присутните рече дека е горд на професионалноста и посветеноста во работата на сите вработени и притоа истакна дека е задоволен со подобрувањето на условите за работа со очигледни резултати. Потврда за професионалноста се високите признанија и одликувања.
Полковник Елизабета Наумовска Петрески, командант на Военомедицинскиот центар, се обрати на присутните и нагласи дека тие се дел од Армијата со мисија на зачувување и унапредување на здравјето на припадниците на Армијата континуирано, секаде и секогаш. На крајот од говорот на сите припадници на Военомедицинскиот центар им го честиташе Денот на единицата.
Во продолжение на свеченоста, се прочитаа добиените честитки од другите единици, а се прочитаа и стимулативни мерки за постигнатите резултати во работењето на припадниците од Военомедицинскиот центар.
На одбележувањето на Денот на ВМЦ присуствуваа: командантот на Логистичката база, поранешни команданти на центарот, команданти на единиците од составот на Логистичката база и претставници од Генералштабот на Армијата.