Согласно планот за билатерална соработка со ВС на САД, во период од 3 до 7 април во Баталјонот за воено медицинска поддршка (бВМП) се реализираше „Курс за воено психолошка поддршка“. Тимот инструктори и обучувачи од Вермонт, САД го сочинуваа потполковник Кејт Варен, капетан Емелет Метју, постар водник Калеб Куртис, а сушатели на курсот беа психолозите од единиците на Армијата.
За време на обуката, детално се разработи психолошката поддршка на сите нивоа и услови, како и за време на милтинационални операции и продолжени борбени операции. Особено внимание беше посветено на грижата за менталното здравје и третманот на воениот персонал од медицински аспект во Ниво 1, 2 и 3. Сите стекнати вештини, знаења и техники ќе бидат применливи и значајни посебно при упатување во мултинационални операции .
По завршување курсот на сите учесници им беа доделени сертификати.