Денес, (27.03.2014 година) во работна посета на полкот за специјални операции (пСО) беше Н.Е. Ернесто Масимино Белели Амбасадор на Република Италија во Република Македонија и Одбранбеното Аташе на Република Италија во Република Македонија, полковник Лучијано Палцани.
Гостите ги пречека Командантот на пСО бригадниот генерал Васко Ѓурчиновски заедно со командантите на баталјоните, по што следеше брифинг во кој беа презентирани мисијата на единицата, структурата, опремата, стекнатите искуства од мисиите каде учествувала единицата и друго. Посетата продолжи со обиколка на тактичко техничкиот збор каде беа изложени вооружувањето и опремата кои ги користи единицата. За гостите беа организирани показни вежби „Работа и постапки на контролна точка“ како и ,,Демонстрација на употреба на повеќенаменска алпинистичка кула“. За крај на посетата единицата ја демонстрираше показна вежба „Обезбедување на високи воени раководители“.
Гостите во разговор со командантот ја изразија својата благодарност, потенцирајќи го високото ниво на подготвеност кое беше демострирано од страна на припадниците на пСО.