На ден 14.10.2015 година во касарната „Илинден“ и полкот за специјални операции се реализираше посета од страна на државното средно училиште „Никола Карев“.
Учениците најпрвин го посетија баталјонот за почести каде имаат можност да се дружат со гардистите на АРМ, кој пред нив демонстрираа дел од секојдневните активности.
Припадниците на баталјонот на воена полиција пред посетителите изведоа работна точка „Употреба на службено куче“.
За крај припадниците на полкот за специјални операции реализираа совладување на пешадиски пречки и тактичко техничкиот збор, каде беше изложено дел од вооружувањето кое се користи во единицата.
Задоволството од виденото можеше да се види од изразот на лицата на учениците но и да се чуе од нивните меѓусебни коментари.