Во периодот од 13 до 16.06.2016 година на терените на Армискиот полигон „Криволак“ и во Центарот за поддршка на Обуката „Пепелиште“ се реализираше Главната планирачка конференција за вежбата „Македонски Блесок 12“.
Учесниците за време на конференцијата ги изработија сите потребни документи за успешна реализација на претстојната вежба. На конференцијата учество зедоа и НАТО советодавниот тим од JFC Naples предводена од страна на директорот на оценувачкиот тим потполковникот Бесим Танрикулу од Турската Армија, тим лидерот на еден од оценувачките тимови мајор Дидиер Одет од Француската Армија како и заменик директорот на курсот за оценувачи полковник Виктор Карзиевски од SHAPE.
Советодавната посета на делегацијата имаше цел успешно реализирање на претстојното НАТО оценувањето ниво 1 на декларираната ренџерската чета како и координација за претстојниот курс за оценувачи кој ќе се реализира на АП Криволак. Главната планирачка конференцијата беше искористена за обиколка и извидување на локациите на АП Криволак каде ќе се реализира самата вежба.