На ден 12.06.2014 година припадниците на полкот за специјални операции извршија командантско извидување на јужниот реон на Република Македонија.
Персоналот кој учествуваше на командантското извидување имаше можност на лице место да се запознае со самиот реон како и со сите ограничувања, можности и капацитети кои се нудат.
Извидувањето се реализираше на неколку различни локации во јужниот дел на Република Македонија. Особен допринос во успешното реализирање на командантското извидување даде и воздухопловната бригада која овозможи воздушен транспорт до тешко пристапните места.
Командантското извидување беше уште една можност да се продлабочат и прошираат познавањата за терените и можностите кои се нудат во Република Македонија.