Во рамки на одблежувањето на Денот на АРМ – 18 Август денеска 15.08.2014 година, во касарната „Илинден“ се реализираше акција за доброволно дарување на крв.
Во оваа прилика припадниците на полкот за специјални операции во пресрет на Денот на АРМ на дело ја покажаа својата хуманост доброволно давајќи 94 крвни единици, со што ќе придонесат да се спасат многу човечки животи во Република Македонија. Оваа акција е реализирана во соработка со Црвен крст на Република Македонија.
Хуманоста е една од највредните одлики кој може да ги поседува еден припадник на АРМ. Сознанието дека секоја капка крв ќе спаси нечиј живот е најголемата мотивација за реалзирање на една ваква активност.