На терените во касарната „Илинден“ и на стрелиштето „Стенковец“, во период од 22 до 25.12.2015 година, припадниците на ренџерскиот баталјон од составот на полкот за специјални операции ги реализираа вторите по ред ренџерски игри.
Дисциплини во кои се натпреваруваа екипите беа: ползење и носење на ранет, фрлање на рачна одбрамбена бомба, гаѓање со автоматска и снајперска пушка, пиштол, полигон со вооружување, ориентација на непознат терен и полигон на издржливост. екипи од сотавот на баталјонотчетите
За време на игрите, помеѓу претставниците на четите од составот на ренџерскиот баталјон преовладуваше спортскиот и натпреварувачки дух.
На крајот од игрите, кои се одржуваат втора година по ред со тенденција да се прошират на ниво на полк за специјални операции, беше прогласена најдобрата единица и најдобриот учесник.