Во просториите на Центарот за обука на вода во Охрид во деновите 15 и 16.04.2015 година се реализираше иницијална/главна планирачка конференција за Билатералната меѓународна вежба „Радожда 15“.
За време на конференцијата беа разгледани побарувањата, капацитетите, како и сите останати потребни елементи за успешно реализирање на претстојната вежба. Учество на вежбата ќе земат припадници на специјалните единици на Армијата на Република Македонија и Република Албанија. Вежбата „Радожда 15“ ќе се одржи во периодот од 05-11.07.2015 година на просторот кај караулата „Радожда“, а ќе биде реализирана на копно и вода.
„Радожда 15“ ќе биде одлична можност за унапредување на билатералната соработка помеѓу двете Армии, но исто така уште една потврда за интероператибилноста и оперативната способност на полкот за Специјални Операции.