Денес 03.07.2018 година во касарната „Илинден“ во посета на полкот за Специјални Операции беше министерката за одбрана на Република Македонија Радмила Шекеринска и заменик на НГШ на АРМ генерал-мајор Азим Нуредин.
Министерката за одбрана за време на нејзината посета ги информираше припадниците на полкот кои се идните цели кон кои се стреми министерството и армијата. Во останатиот дел од посетата старешинскиот и војничкиот кадар од единицата имaa можност да постават прашања и да добијат одговори за одредени проблеми со кои се соочуваат во животот и работата.
ЗБ