Во касарната „Н.Х. Страшо Пинџур“ во Петровец дел од припадниците на Ренџерскиот баталјон реализираа обука за предни наведувачи за блиска воздушна поддршка.
Обуката се реализираше во соработка со Воздухопловната бригада. На самата обука присуствуваа командирите на тимови и снајперските парови кои беа обучувани за успешно наведување на хеликоптерите за давање на блиска воздушна поддршка, повик за оган како и корекција на оган.
Покрај одржувањето на високото ниво на обученост оваа обука е дел од непосредните подготовки за претстојното НАТО оценување Ниво II на декларираната чета од составот на Ренџерски баталјон.