Денес 18.05.2016 година на терените на Армискиот Полигон „Криволак“ во посета на обуката на припадниците на баталјонот за Специјална Намена од составот на полкот за Специјални Операции беше Асоцијацијата на одбранбени аташеи во Република Македонија.
Пред одбранбените аташеи на Турција, Белгија, Полска, Соединетите Американски Држави, Романија, Норвешка, Грција, Италија, Хрватска, Австрија, Канада, Русија, Јапонија, Кина, Холандија и Србија припадниците на единицата демонстрираа совладување на непријател кој е сместен во сигурна куќа и при тоа има заложници. Присутните гости со голем интерес ја проследија вежбата прикажаното на истата.
Обуката на која присуствуваа одбранбените аташеи е дел од непосредните подготовки кои единицата ги реализира пред претстојното учество на интернационалната вежбата „Анаконда 16“ која ќе се одржи во Република Полска во период од 04-18.06.2016 година.