Во период од 14.09.2015 до 17.09.2015 година дел од припадниците на полкот за специјални операции реализираа стационарно логорување на АП Криволак.
За време на логорувањето единиците дадоа тежиште на гаѓањата со Оклопниот Транспортер (ОТ) БТР 80. Целта на овие гаѓања беше извежбување на посадите на транспортерите во решавање на огнени задачи. Покрај гаѓањата со ОТ со дел од припадниците на Ренџерскиот баталјон беше реализирано командирско гаѓање со одделение и тактичка вежба со командирско гаѓање „Реакција на контакт“.
Одличните резултатите кои се постигнаа на гаѓањата беа уште една потврда за врвната обученост на припадниците на полкот.