Во периодот од 11.05 до 14.05.2015 година со дел од припадниците на баталјонот за Специјална Намена од составот на полкот за Специјални Операции се реализираше семинар за употреба на експлозиви.
Семинарот беше реализиран во соработка со Националната Гарда на Вермонт од каде присуствуваа тројца старешини. Главна цел на семинарот беше размена на искуства и продлабочување на одличната соработка.
Теоретскиот дел од семинарот се реализираше во касарната „Гоце Делчев“, додека практичниот на стрелиштето „Чојлија“. За време на семинарот се обработуваа теми за методи на влез и разбивање на врати и прозорци со користење на вооружување и различни видови на фитил и детонаторски каписли.
Искуствата стекнати на овој семинар со сигурност ќе го зголемат високото ниво на обученост на припадниците на баталјонот за Специјална Намена.