Денес 14.09.2015 година во касарната „Илинден“ во организација на Ренџерскиот баталјон, официјално започна Ренџерскиот курс.
Шестмесечен курс ќе се реализира со новопримените професионални војници во Ренџерскиот баталјон, кои со успех го завршија селективниот курс.
Цел на курсот е да учесниците поединечно и тимски се обучат и оспособат за ефикасно извршување на борбени задачи во сите теренски и временски услови.
За време на курсот ќе се реализираат теми од: пешадиско вооружување со настава на гаѓање, топографија, санитетска обука, тактика на мали единици, алпинизам, борба во урбана средина итн.
Притоа секојдневно ќе бидат застапени часoвите по физичко воспитување со цел одржување на високото ниво на физичка подготвеност.
Секој кандидат после успешно завршување на Ренџерскиот курс ќе има одлична база на знаења и воени вештини и ќе биде подготвен да работи во тим на формациско место согласно покажаните квалитети и спосбности.