Денес, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски оствари протоколарна средба со одбранбеното аташе на Република Словенија акредитирано во Република Северна Македонија, полковник Бенсад Шиниковиќ.
На средбата, генералот Лафчиски изрази благодарност за поддршката при справувањето со огнената стихија што ја зафати нашата држава, а се разговараше и за продолжување на меѓуармиската билатерална соработка, која се реализира во доменот на изведување на обука и вежби, особено во делокругот на JTAC (обука на персонал-контролори на здружен оган) и нејзино продлабочување во развојот на капацитетите на Армијата.