Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес, оствари протоколарна средба со резидентното одбранбено аташе на Кралството Холандија, акредитирано во Република Северна Македонија, потполковник Јурген Флајшман.
На средбата во Генералштабот се разговараше за можностите за продлабочување на билатералната меѓуармиска соработка, како и унапредување на понатамошните модалитети на соработка во доменот на военото образование, обуката и реализација на заеднички вежби.