Утре, 2-ри ноемви 2013 година, на градскиот плоштад во Радовиш со почеток во 14.00 часот ќе се одржи промотивен концерт на Воениот оркестар на АРМ.
Воениот оркестар во траење од околу еден час ќе изведе репертоар од повеќе нумери на познати светски автори, обработени за оркестарска изведба, а кои се атрактивни за различни генерации на слушатели.
Со промотивниот концерт на Воениот оркестар во Радовиш продолжува проектот за соработка на АРМ со локалната самоуправа во Република Македонија кој започна да се реализира во јуни годинава со настапи на Воениот оркестар во Битола, Прилеп, Струга и Охрид, како и во пресрет на Денот на АРМ во Скопје. Проектот има за цел, јакнење на цивилно-воената соработка и се реализира во соработка со локалната самоуправа и нуди одлична можност за дружење на граѓаните со Армијата и во градовите каде АРМ нема свои касарни и гарнизони.
Се покануваат новинари, сниматели и фоторепотрери да го проследат и да известуваат за настанот. Граѓаните на Радовиш ги покануваме да присуствуваат во што поголем број, да се дружат со припадниците на АРМ и да уживаат во музичките нумери на Воениот оркестар.