Денеска во касарната „Илинден“ во Скопје, делегации од Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана, предводени од началникот на Генералштабот на Армијата генерал – мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски, положија венци со свежо цвеќе пред спомен-обележјето на загинатите припадници на Баталјонот за специјални сили.
Во чест на загинатите припадници постар водник Роберт Петковски, водник Бобан Трајковски, водник Миле Јаневски и водник Игор Костески, венци со свежо цвеќе положија и припадници од баталјонот за специјални сили, командите на единиците на Армијата, поранешни припадници на Баталјонот за специјални намени, претставници од единиците на МВР и членови на семејствата на загинатите припадници на Армијата.
На денешен ден пред 24 години кај селото Вејце, во околината на Тетово во одбрана на татковината загинаа осум припадници на безбедносните сили.