Со полагање на свежо цвеќе на спомен обележјето пред баталјонот за специјални сили во касарната „Илинден“ се одаде почит на четирите армиски припадници кои пред 23 години трагично загинаа кај месноста Вејце.
Венци свежо цвеќе положија, министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на генералштабот на Армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, како и делегации од баталјонот за специјални сили и командите на единиците на Армијата, МВР и семејствата на загинатите.
На денешен ден во 2001 година кај селото Вејце, во околината на Тетово загинаа Роберт Петковски, Бобан Трајковски, Миле Јаневски и Игор Костески од редовите на Армијата и четири припадници на безбедносните сили од составот на МВР.