Заменикот на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Азим Нуредин, денес оствари средба со ново назначеното одбранбено аташе на Народна Република Кина во Република Северна Македонија, полковник Хуанг Хе.
На средбата, се разговараше за воспоставената билатерална соработка помеѓу Армиите на двете земји која во досегашниот период се реализираше пред се во областа на воената едукација. Од страна на генералот Нуредин на полковник Хуанг Хе му посака успешно извршување на задачите како одбранбено аташе. Воедно беше изразена благодарност за донираните средства од НР Кина во справувањето со „COVID-19“.