Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, денес оствари проштална средба со досегашното одбранбено аташе на САД во Република Северна Македонија, полковник Мајкл Тарквинто.
Генералот Ѓурчиновски му изрази благодарност на полковникот Тарквинто за досегашниот ангажман и унапредување на билатералната соработка и му посака успех во иднина.
На средбата се разговараше за поддршката и одличната меѓуармиска соработка помеѓу Армијата на Република Северна Македонија и Вооружените сили на САД, кои се наш стратешки партнер и сојузник. Воедно беше изразено уверување за продолжување и понатамошно јакнење на континуираната соработка помеѓу Армијата на Република Северна Македонија и Вооружените сили на САД, која се реализира преку заеднички вежбовни активности унапредувајќи ја интероперабилноста во Алијансата, поддршка за развој на капацитетите, како и стручно усовршување на припадниците на Армијата на високите воени школи во САД.