Денес, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски оствари средба со амбасадорот Мартин Памер и новоназначеното нерезидентно одбранбено аташе на Австрија акредитиран во Република Северна Македонија, полковник Кристијан Тесар.
На средбата, генералот Лафчиски му посака успех во работата за време на неговиот мандат, при што изрази уверување за продолжување и унапредување на соработката помеѓу двете армии, со акцент на градење на капацитети и способности на НАТО декларираните единици на Армијата.
Генералот Лафчиски на досегашното одбранбено аташе, полковник Кристијан Смутек му се заблагодари за досегашниот ангажман за развивањето на меѓуармиската соработка особено во делот на менаџирањето на муницијата и минско експлозивни средства.
Во рамки на средбата од страна на началникот на Генералштабот на Армијата беше упатена покана за учество на австрискиот воен оркестар на заеднички концерт кој би се реализирал на крајот на годината.