Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, оствари протоколарна средба со новоназначеното одбранбено аташе на Република Бугарија акредитиран во Република Северна Македонија, полковник Јордан Филев и неговиот заменик мајор Диан Динев.
На средбата, генералот Ѓурчиновски упати честитки до полковникот Филев за назначувањето на оваа должност, притоа истакнувајќи ја важноста на билатералната соработка помеѓу Армијата на Република Северна Македонија и Вооружените сили на Република Бугарија во доменот на одбраната.