На покана на општинската организација на сојузот на борци од Тетово и граѓаните продолжувачи, Воениот оркестар и делегација од Армијата предводена од Началникот на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски учествуваше на манифестацијата по повод одбележување на 79 години од Денот на ослободувањето на Тетово-19ти Ноември.
На манифестацијата која се одржа во Центарот за култура „Иљо Антески – Смок“, Воениот оркестар имаше забележителен настап пред присутните со нумери од својот репертоар.
Музичко сценски настапи имаа и балетска група при Државен музичко-балетски училиштен центар „Илија Николовски – Луј-Скопје, вокалните изведувачи Андријана Јаневска и Влатко Лозановски, Зоран Грковски и Ана Петровска на саксофон и пијано, градскиот женски хор Менада и Летечка театарска трупа со пригодна пиеса.
Армијата како носител на традициите на народно ослободителната војска одржува одлична воена соработка со организациите на сојуз на борци од градовите низ Републиката и активно учествува на манифестации кои се одржуваат во спомен на значајни настани од македонската историја.