Согласно планот за билатерална соработка со САД во периодот од 18 до 22.03.2019 година се реализираше заедничка обука со припадниците од 40-ти бенд на Армијата на САД, од Вермонт. Во текот на активностите и обуката се реализираа теми од Упатството за марширање и движење со бенд, односно со состав на воен оркестар:
- Обука со командири и предводници со воен оркестар со командирска палка,
- Движење при изведување на музика,
- Постапки при движење со изведба на музика,
- Постапки во место и движење со состав на оркестар,
- Извежбување и вештини со командирска палка.
Активностите и обуката претставуваа одлична можност за размена на искуства и стекнување на нови вештини за припадниците на воениот оркестар и истите се во насока на проширување на репертоарот и можностите на воениот оркестар. Претставниците на двата воени оркестри изразија задоволство од воспоставената соработка и од идните можности за продолжување на истата.