Вежбата „Македонски Блесок–11“ претставува Ситуациона-тактичка вежба на терен која ќе се реализира во период од 03 ДО 09 Октомври 2015 година во Центарот за Обука „Пепелиште“ и на АП „Криволак“.
Цел на вежбата е извежбување и НАТО оценување ниво 2 на чета од Воена Полиција (чВП) и Самооценување ниво 1 на Ренџерска чета (Рч).
На вежбата и претходеа квалитетни подготовки преку реализираните работилници и конференции: Работилница за Спецификација на вежбата МБ-11, Конференција за спецификација, Работилница за планирање, Иницијалната Планирачка Конференција, Работилница за концепт на операции, Главната Планирачка Конференција и Финалната Координативна Конференција.
Работен јазик за изработка на документите на вежбата беше англискиот и при тоа навреме се изработени: Сценарио на активностите за отворање на вежбата, Програма за Денот на високи посетители, Протоколарна листа на гости, изработка и дистрибуција на покани, листата на настани и инциденти (MEL/MIL), План за медиумско покривање на настанот и други.
Вежбата ќе се реализира во 4 фази кои опфаќаат:
- Фаза на индивидуална и колективна обука (Ф-1)
- Фаза на планирање на одговор на кризи (Ф-2)
- Фаза на извршување (Ф-3)
– Распоредување и
– Извршување на оценување
- Фаза на анализа и проценка (Ф-4)
На Денот на високи гости и посетители учесниците (единиците) на вежбата ќе прикажат Обезбедување и извлекување на Висок воен раководител (ВВР); Инфилтрација со хеликоптер, препад за неутрализирање на ДТГ и ексфилтрација.
На вежбата ќе учествува чета од Воена Полиција (чВП) од баталјонот Воена Полиција и Ренџерската чета од Ренџерскиот баталјон од полкот за Специјални Операции (пСО), логистички елементи од брЛП, претставници од ГШ на АРМ и на ЗОК, набљудувачи од НАТО тимовите за оценување и припадници на МВР.