Во период од 1 до 2 јули 2019 година, командантот на силите на САД за Европа, генерал потполковник Кристофер Каволи, престојуваше во Република Северна Македонија.
Во рамките на својата посета оствари средби со министерката за одбрана Радмила Шекеринска и изврши обиколка на единиците на САД, кои учествуваат на вежбата „Одлучен удар“ на армискиот полигон Криволак.
Во рамки на посетата беше реализиран информативен брифинг за капацитетите на армискиот полигон „Криволак“ и вежбата „Одлучен удар“.