Денес, 5 октомври 2017 година, реоценувањето на средна пешадиска баталјонска група (спбг) и НАТО оценување Ниво 2 на ренџерска чета (рч) влезе во завршна фаза.
Средната пешадиска баталјонска група изведуваше офанзивни дејства во текот на целиот ден, при што на терен беше демонстрирана обученоста на персоналот и борбената моќ на единицата. Со што се заокружи и последниот настан за оценување од главната листа на настани и инциденти. Во исто време на припадниците на ренџерската чета им беше соопштена првичната оценка од страна на тимот на оценувачи.
Со денешниот ден се заокружи реоценувањето на средна пешадиска баталјонска група и НАТО оценување Ниво 2 на ренџерска чета (рч). Целта на оценувањето е да се оцени борбената готовност и способностa на декларираните единици на АРМ за извршување на мисијата во согласност со каталогот за здружени капацитети и способности на НАТО од 2016 година.
На крајот од оценувањето ќе биде потпишан првичниот извештај од страна на НАТО-набљудувачите и директорите на оценувањето, додека финалниот извештај дополнително ќе биде доставен до Република Македонија и оценуваните единици.