Во касарната „Илинден“ во Скопје, со свечено доделување на зелените беретки официјално заврши ренџерскиот курс.
Новите припадници на Ренџерскиот баталјон во изминатите шест месеци поминаа низ низа физички, психички и интелектуални препреки кои тие требаа да ги поминат за да се стекнат со статусот и звањето припадник на Ренџерски баталјон.
Самиот курс се реализираше во различни временски и метео услови, на различни терени низ Република Македонија, се реализираше теоретска и практична настава проследена со периодични тестирања. Само најупорните, најспособните и најмотивираните издржаа до самиот крај. Командантот на Ренџерскиот баталјон на најдобриот припадник на ренџерскиот курс му подари нож.
Со добивањето на зелената беретка и амблемот на единицата новите припадници на Ренџерскиот баталјон застанаа во строј до своите колеги и официјално станаа дело од оваа единица.