На ден 09.08.2017 година командантот на ЗОК, бригаден генерал Зоран Милески оствари средба со полковник Тимоти Бјукен, новоназначен одбранбено аташе на Соединетите Американски Држави акредитиран во Република Македонија.
На средбата, на која присуствуваа и воздухопловното воено аташе мајор Ерик Рајс и шефот на канцеларијата за одбранбена соработка капетан Патрик Енрикез се разговараше за воена соработка помеѓу АРМ и Вооружените сили на Соединетите Американски Држави, досегашните заеднички вежбовни активности каде посебно беше истакната успешно реализираната вежба „Dragoon Guardian 17“ како и за понатамошните облици на билатерална соработка особено во изведување на заедничка обука и вежбовни активности.
Командантот на ЗОК на полковник Бјукен му посака успешна и плодна соработка со припадниците на АРМ за време на неговиот работен ангажман во Република Македонија.