Припадниците на АРМ кои учествуваа во мисијата „Брз Лав-14“, како дел од четата за заштита на силите од борбената група на Европската Унија (ЕУБГ 2014-2) во Кралството Белгија, денеска се вратија во Република Македонија со највисоки оценки. На вежбата, припадниците на АРМ, учествуваа во оценувањето на штабот на ЕУБГ 2014-2 со фиктивни сценарија за хуманитарна мисија за поддршка на раселени лица и бегалци, како и за пребарување и затворање на лица осомничени за воени злосторства.
Предизвик на вежбата претставуваше заедничката работа на 6 различни земји ( Република Македонија, Kралството Холандија, Луксембург, Kралството Шпанија, СР Германија и лидерот Kралството Белгија) со персонал од околу 2500 војници во една борбена група.
На оваа вежба АРМ уште еднаш ја покажа својата обученост и интероперативност.